САД немаат за цел да ја уништат економијата на Русија, изјави вишиот директор за глобална економија и финансии во Советот за национална безбедност на САД при Белата куќа Рори Мекфарквар во текот на своето излагање во средата на семинар во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон.
Тој исто така истакна дека не смета дека украинската и руската економија се движат кон пропаст тркајќи се една со друга.
„Искрено кажано, тие две економии...дури и со значителен пад во трговската размена, сѐ уште се мошне тесно поврзани, затоа, доколку руската економија би се срушила, тоа нема да биде добро за Украина во иднина“, истакна Мекфарквар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче