Додека рубљата „се враќа“, доларот по неодамнешниот „буен“ раст трпи значително намалување: низа светски валути се фиксираа според него оваа година, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Весникот истакнува дека слабеењето на доларот е поврзано со очекувањето за покачување на краткорочните каматни стапки за кредити од страна на Федералните резерви на САД.
Сепак профитабилноста на руските активи „ги мами инвеститорите“ за кои Русија повеќе „не седи на клупата за казнети“, истакнува американскиот весник. Според Џефри Пацанезе, специјалист за инвестиции на компанијата Federated Investors, Русија е „приказна со висок профит“.
Пацанезе истакнува дека купил рубли преку термински договори, затоа што е убеден дека руската валута сѐ уште има можност да зајакне во однос на доларот.
„Вол Стрит Џурнал“ потсетува дека во 2015 година руската валута зајакнала во однос на доларот за 17,5 проценти. Освен тоа, истакнува изданието, рубљата, која во декември мината година преживеа нагло опаѓање, потоа врати 46 проценти од својата вредност.
Суверените облигации во рубли и берзанскиот индекс на РФ исто така пораснаа, истакнува весникот.
Според неговите податоци, рецесија сѐ уште има во РФ, меѓутоа стравувањата во врска со нејзината економија од други аспекти се намали: цените на нафтата отскокнаа од шестгодишниот минимум, а примирјето во Украина ги ослаби геополитичките тензии.
Во последно време низа западни медиуми истакнуваат дека руската економија, за чудо на многумина аналитичари, се обновува. На пример, магазинот „Њузвик“ пишуваше дека руската економија „се крева на нозе“ наспроти повеќето очекувања. Порталот „Блумберг“, од своја страна, исто така истакна дека Русија демонстрирала во четвртиот квартал на 2014 година „неочекуван раст“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче