Путин: Поддршка од 689 милиони долари за руските медиуми во 2015 година

Руската влада ќе издвои 36 милијарди рубли (689 милиони долари) за поддршка на медиумите оваа година, изјави рускиот претседател Владимир Путин на медиумскиот форум на Серускиот народен фронт, пренесува ТАСС.

Руската влада ќе издвои 36 милијарди рубли (689 милиони долари) за поддршка на медиумите оваа година, изјави рускиот претседател Владимир Путин на медиумскиот форум на Серускиот народен фронт.

„Ова е истото ниво на поддршка кое беше одобрено во 2014 година“, рече Путин.

Средствата кои се предвидени за поддршка на медиумите минатата година, мислам, за целата земја, изнесуваа околу 36 милијарди рубли, што е голема сума на пари“, додаде тој.

„Колку што ми е познато, оваа година сумата што е издвоена за поддршка на медиумите треба да биде на исто ниво како мината година. Така што, сѐ на сѐ, тоа е солидна сума“, истакна рускиот претседател.

Путин истовремено рече и дека средствата со кои се покриваат активностите на регионалните администрации треба да бидат намалени за 20 отсто, пренесе ТАСС.

Рускиот претседател истакна дека потрошувачката на пари за поддршка на медиумите треба да биде транспарентна за граѓаните и дека системот за поддршка треба да се однесува и на приватните и на државните медиуми.
„Доколку настапиме од формални позиции, државата ги плаќа своите структури, но, воопшто, општеството, нема сомневање, се интересира за независниот сегмент на медиумите“, изјави Путин.

Русија треба да „развие систем за поддршка кој може да се примени врз сите“, наведе рускиот претседател.

Според него, слободниот печат пружа опиплив придонес во јакнењето на државата, додека без него, „можноста за протест ќе расне и ќе се пројавува во некој многу неприфатлив облик“.

„Ваша работа е да се погрижите проблемите што постојат насекаде низ нашата земја да бидат решавани на цивилизиран начин“, рече Путин, додавајќи дека тој е потполно на страната на новинарите во  оваа работа.

На констатацијата на еден регионален новинар дека многу федерални и локални функционери ги игнорираат прашањата на медиумите, притоа наведувајќи ги имињата на некои од нив, Путин му се заблагодари „за добрата работата што ја врши“. 

„Тоа е токму начинот на пристап во оваа работа. Додека ве слушав, си помислив: Кој смее да се осуди да каже дека немаме слободни медиуми“, додаде Путин со насмевка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња