САД и Јапонија се глобални партнери кои се „залагаат за безбедност и човечко достоинство во целиот свет“, истакна претседателот на САД Барак Обама во воведниот говор на заедничката прес-конференција со премиерот на Јапонија Шинзо Абе по разговорите одржани во Белата куќа, пренесува ТАСС.
Според зборовите на американскиот претседател, Вашингтон и Токио заеднички се „спротивставуваат на руската агресија во Украина, му пружаат помош на цивилното население на кое му се заканува Исламската држава, се борат против ширењето на вирусот ебола, а сега му нудат помош на населението на Непал“.
Меѓу другите приоритети Обама истакна дека САД ја поддржуваат Јапонија во спорот поради островот Сенкаку со Кина и се залагаат за мирна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Премиерот Абе од своја страна истакна дека Токио го поздравува свртувањето на Вашингтон кон Азија. Тој изрази увереност дека заедничкиот „потенцијал за одвраќање“ ќе продолжи да јакне.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче