Европската комисија не треба да се ограничува само на поплаки спрема „Гаспром“, изјави американскиот сенатор Џон Мекејн.
„Зборовите на Европејците ништо не вредат“, изјави Мекејн, додавајќи дека „тие (ЕК) треба да направат мноштво дополнителни чекори“ надвор од рамките на поплаките спрема „Гаспром“, пренесува РИА „Новости“.
Според сенаторот, тој очекува да види „многу повеќе од едноставна изјава“ од ЕК, за да ја потврди сериозноста на намерите на Европската комисија во постапките против „Гаспром“.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва има намера да ја брани позицијата на „Гаспром“ во спорот со ЕУ и дека се надева на непристрасен однос спрема компанијата и изнаоѓање на компромис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче