Лукашенко: Антируските санкции влијаеја и на економијата на Белорусија

Александар Лукашенко истакна дека белоруската економија трпи поради санкциите против Русија, пренесува ТАСС.

Западните санкции против Русија веднаш се одразија и на економијата на Белорусија, изјави претседателот Александар Лукашенко во обраќањето до белорускиот народ и Националното собрание денеска, пренесува РИА „Новости“.

Во јули минатата година ЕУ и САД од точно прецизирани санкции против одделни физички лица и компании преминаа на мерки против цели сектори на руската економија.

Денеска Лукашенко истакна дека во текот на западните санкции против Русија, во економијата на Белорусија се случиле негативни процеси. Значително се намалиле курсот на руската рубља и обемот на надворешната трговија.

„Санкциите против нашиот главен партнер (Русија), падот на цената на нафтата, стеснувањето на рускиот пазар, девалвацијата на руската рубља. Проблемите на соседите веднаш се одразуваат врз нашата економија. Тие надворешни фактори не се во наша моќ. Ние живееме во глобален свет од кој е невозможно да се оградиме“, изјави Лукашенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња