Започнувајќи ја украинската криза, САД сакаа да удрат на Русија, смета американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс.
Политикологот истакнува дека западните медиуми создале измислена верзија на настаните во Украина, без да го споменуваат соборувањето на демократски избраната власт кое беше организирано од Вашингтон, пренесува РИА „Новости“.
Западните медиуми често настапуваат во улога на соучесници во воени злосторства, истакнува аналитичарот, меѓутоа фабрикуваната историја за настаните во Украина претставува „најдрска збирка лаги“.
„Точно е дека во западниот свет вистината е навистина убиена. Ниту во еден западен главен град нема почит за вистината“, забележува Робертс.
Експертот потенцира дека европските политичари ги повторуваат лагите на Вашингтон, а корумпираните западни медиуми шират антируска пропаганда, место да соопштуваат факти.
„Превратот во Украина е обид на Вашингтон да ѝ забие на Русија нож в срце“, пишува политикологот.
Според него, неразумноста на таквото злосторство било камуфлирано со создавање на лажна реалност за народна револуција против корумпираната и деспотска влада.
„Луѓето ширум светот треба да ги изненади фактот дека за Вашингтон „воспоставувањето демократија“ стана покритие за заживување на нацистичка држава“, смета Робертс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче