Амбасадорот на ЕУ во САД: Санкциите против Русија остануваат најмалку до крајот на годината

Санкциите против Русија остануваат на сила најмалку до крајот на годината, кога Европската унија ќе може да го оцени степенот на исполнување на Минската спогодба, изјави амбасадорот на ЕУ во САД Дејвид О'Саливан на средбата со уредниците и дописниците на „Блумберг“ во Вашингтон.

Според него, претходно Европскиот Совет „јас дал до знаење дека санкциите ќе важат сѐ додека во целост не биде исполнета Минската спогодба“. Тој исто така додаде дека исполнувањето на спогодбата „е невозможно да се оцени до крајот на годината“, пренесува РИА „Новости“.

Претходно во понеделникот канцеларката на Германија Ангела Меркел изјави дека прашањето за укинување или продолжување на санкциите против Русија ќе биде дискутирано од страна на Европската унија во јули.  

Според зборовите на претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, ЕУ има намера да ги задржи санкциите против Русија до исполнувањето на целата Минска спогодба, но за критериуми за воведување нови рестриктивни мерки засега нема дискутирано.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња