Шојгу се надева руската војска да стане професионална

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека се надева дека руската војска во целост ќе стане професионална, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека се надева дека руската војска во целост ќе стане професионална, пренесува РИА „Новости“.

Рускиот министер во текот на посетата на место на кое се врши селекција на војниците во Санкт Петербург го поздрави тристаилјадитиот војник Павел Сидоров, кој стапи во редовите на руската професионална армија.

„Со твоето стапување во професионална служба сега имаме повеќе војници од оние кои доаѓаат по повик за служење на редовен воен рок. Тој број постепено ќе се зголемува и се надеваме дека на крајот нашата војска во целост ќе биде професионализирана“, рече Шојгу.

Тој додаде дека во моментов во Војската на Русија има 300 илјади војници со договор, додека регрути има околу 276 илјади.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња