Русија треба да се откаже од приоритетот на меѓународното право над националното

Началникот на Истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин изнесе предлог од Уставот на Руската Федерација да се изостави принципот на приоритет на меѓународното право над националното законодавство.

Началникот на Истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин изнесе предлог од Уставот на Руската Федерација да се изостави принципот на приоритет на меѓународното  право над националното законодавство.  

„Утврдувањето на приоритет на меѓународното право уште при усвојувањето на Уставот на РФ во 1993 година советниците од САД вешто ни го претставија како основна вредност на Уставот на правната држава. Денес е смешно да се каже тоа, но во извештајот за предлог-Уставот, кој тогаш беше објавен кај вас во „Росијскаја газета“ со гордост се истакнува дека уставните одредби ја поминале експертската проверка во странство“, изјави Бастрикин во интервју за „Росијскаја газета”. 

Тој додаде дека критериумите кои го одредуваат односот меѓу националното и меѓународното право се стратешки и геополитички интереси на конкретни земји, затоа што во зависност од ситуацијата тие не мораат задолжително да се поклопуваат. 

„Погледнете ја „обединета“ Европа. Дали таа по глобализацијата стана земја на благосостојба? Дури и многумина европски политичари истакнуваат дека овој процес поради внатрешните противречности полека прераснува во отворен судир во кој владејачката волја на едни (Германија, Франција) им се наметнува на други. Освен тоа, неспоивоста на националните култура и традиции кои настанаа во историски процес доведува до деградација на моралните вредности“, смета Бастрикин. 

Тој истакнува дека не е противник на интеграцијата, но дека таа сепак не треба да се „спроведува механички, туку врз основа на стратешките интереси на државите и земајќи ги предвид нивните национални, историски и други специфичности, укажувајќи им почит, а не вршејќи притисок врз нив со инструменти на меѓународното право“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.