Путин: Врвот на санкциите во руската економија е совладан

Руската економија го совлада врвот на негативните тенденции и не се случи нејзин колапс, иако некои се надеваа на тоа, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Руската економија го совлада врвот на негативните тенденции и не се случи нејзин колапс, иако некои се надеваа на тоа, изјави претседателот на Русија Владимир Путин. Тој додаде дека постојната ситуација ѝ дава на земјата реална шанса за развој и дека истата треба да се искористи. 

На состанокот со Советот на пратеници во Санкт Петербург Путин истакна дека руската економија релативно едноставно ги совладала вештачките пречки кои ѝ се наметнати во форма на санкции. „Очигледно е дека сите очекуваа колапс“, изјави рускиот претседател зборувајќи за идејните творци на санкциите. Претседателот призна дека санкциите „ги стеснуваат можностите за развој“. „Но тие не доведоа и не можеа да доведат до колапс“, изјави Путин. „Готово е. Тоа го поминавме. Врвот на оптоварувањето е совладан“, убеден е Путин. 

Путин изјави дека треба да се размисли за тоа што очекуваа оние кои ги воведоа санкциите. Тој истакна дека пред воведувањето на санкциите економијата на Русија имала годишен прилив од 500 милијарди долари, а потоа оваа сума се намалила на 160 милијарди долари. Истовремено, поради тоа што на руските банки им беше ограничен пристапот до рефинансирање, нивните странски партнери минатата година заработија 130 милијарди долари помалку отколку претходните години, а оваа година тоа ќе биде 160 милијарди долари помалку.  

Путин истакна дека сегашните услови овозможуваат внатрешниот пазар да се ослободи за домашните производители. Тој призна дека во извесни случаи доаѓа до пораст на цените. „Но тоа ќе помине кога домашното производство ќе го достигне потребното ниво“, убеден е рускиот претседател. „Во секој случај, се движиме во правилен правец“, изјави Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња