Путин: Русија го намали својот нуклеарен потенцијал на минимум

Русија доследно ги спроведува сите одредби од Договорот за неширење на нуклеарното оружје, се наведува во соопштението на рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата посветена на имплементацијата на овој договор.

Русија доследно ги спроведува сите одредби од Договорот за неширење на нуклеарното оружје, се наведува во соопштението на рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата посветена на имплементацијата на овој договор.

„Ние го намаливме нуклеарниот потенцијал на минимално ниво, што претставува значителен придонес во општото и целосното разоружување. Планираме да продолжиме во таа насока, како и да го одржиме балансот меѓу индустријализацијата на „мирољубивиот атом“ и неширењето на нуклеарното вооружување,  вклучувајќи ги и системите за гаранција на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија“, пишува во обраќањето на Путин, пренесува РИА „Новости“.

Делови од обраќањето на рускиот претседател од трибината на Обединетите нации читаше Михаил Улјанов, директор на Службата по прашања за неширење и контрола на вооружувањето на МВР Русија, додека интегралниот текст им беше поделен на учесниците на конференцијата во ООН.

„Ние се залагаме за блиска интеракција со сите заинтересирани страни, како и за создавање современа, стабилна и безбедна архитектура, потребна за соработка во областа на нуклеарната енергетика“; се наведува во писмото на Путин.

Рускиот претседател во своето писмо нагласи дека смета на тоа дека сите држави-учеснички на Конференцијата се подготвени да се придржуваат до обврските што ги презеле, затоа што тоа е, како што тој вели, „важен фактор за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста на целата планета“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.