„Њујорк Тајмс“: Некои европски земји се „тројански коњи” на Русија

Недоследната политика на некои европски земја спрема украинската криза е условена од интересите и желбата на тие земји во услови на криза да склопат поволни договори со Русија, пишува бугарскиот политиколог Иван Крастев во статијата објавена во „Њујорк Тајмс“.

Недоследната политика на некои европски земја спрема украинската криза е условена од интересите и желбата на тие земји во услови на криза да склопат поволни договори со Русија, пишува бугарскиот политиколог Иван Крастев во статијата објавена во „Њујорк Тајмс“.

Според неговото мислење, многумина на Западот се плашат дека некои стратешки важни земји од Средна Европа веќе станале „тројански коњи“ на Русија, иако Вашингтон претходно ги воведе во НАТО како бедем против Москва и нестабилноста на Блискиот Исток.

Крастев ги наведува како пример настаните кои, според неговото мислење, го потврдуваат овој страв. Така претседателот на Чешка Милош Земан изрази намера да присуствува на воената парада во Москва во чест на 70-годишнината од Победата над фашизмот и од овие планови се откажа дури под „силни притисоци“. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека неговата влада ќе го блокира предлогот за основање на Европска енергетска унија, што е основа на стратегијата на Брисел за намалување на влијанието на Русија во регионот, пишува политикологот.  

Според неговото мислење, некои земји од Средна Европа ја користат сегашната ситуација во односите меѓу Западот и Русија за да склопат поповолни договори со Москва. Овие земји ги критикуваат антируските санкции и добиваат нови инвестиции и намалување на цената на гасот.

Политиката на државите од Средна Европа ја диктираат нивните национални интереси, а не сеќавањето на комунистичкото минато, и западните политиколози би требало да сфатат, констатира Крастев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња