Медиуми: Западот го демонизира Путин поради неспорниот успех на Русија

Демонизацијата на Владимир Путин од страна на Западот во многу нешта е врзана за успесите што ги постигна Русија во последните 15 години, а кои не им одговараат на ЕУ и САД, пишува „Чешки слободен печат“.

Демонизацијата на Владимир Путин од страна на Западот во многу нешта е врзана за успесите што ги постигна Русија во последните 15 години, а кои не им одговараат на ЕУ и САД, пишува „Чешки слободен печат“.

Во моментот на стапување на власт на Путин Руската Федерација беше во многу тешка економска ситуација. Порасна влијанието на мафијашките структури и странскиот капитал, буџетот поради самоуправувањето на локалните власти беше дефицитарен и со самото тоа немаше доволно средства за финансирање на изградбата, здравството, инфраструктурата и војската, се наведува во статијата на ова издание.

Бројот на жители стрмоглаво се намалуваше, а негативните работи кои се случуваа за време на Михаил Горбачов и Борис Елцин, многу му одговара а на Западот, тврдат авторите на статијата.   

„Самиот Запад во многу нешта беше причината за ваквата состојба во Русија! Американскиот и бриселскиот план од опасниот противник да направат незаштитена колонија, постепено почна да се остварува“, се наведува во текстот. 

По стапувањето на Владимир Путин на местото шеф на руската држава, се случи нешто што Западот не го очекуваше. Во тоа време Путин веќе беше одлично обучен дипломат и во текот на многуте години можеше да ги анализира грешките на своите претходници, се нагласува во текстот.

Како што пишува чешкиот весник, рускиот претседател од корен ја сменил руската политика во 21 век, по што Русија стана држава која Западот мораше да ја има предвид. Русија стана партнер на многу земји кои поради лошото искуство не сакаа повеќе да тргуваат со САД. Тоа е, како што наведуваат авторите, единствената вистинска причина поради која Западот почна да води политика на задржување на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња