Финската влада се плаши од „Ноќните волци“

Хелсинки побара од Варшава информации во врска со забраната за влез во Полска за учесниците во дефилето Москва - Берлин кои се членови на мото-клубот „Ноќни волци“, изјави министерот за внатрешни работи на Финска Паиви Расанен, а пренесува РИА „Новости“.

Причината за тоа е соопштението на одделни медиуми за можноста моторџиите да ја сменат маршрутата и да стигнат до Германија преку Финска.

„Во овој момент не можам да кажам дека информациите што ги побаравме од Полска ќе бидат пречка за руските моторџии да влезат во земјата. Тоа прашање сега го разгледуваме со полските власти“, изјави Расанен.

Полска забрани влез на своја територија за „Ноќните волци“, образложувајќи ја својата одлука како зачувување на безбедноста на земјата. Моторџиите неколку часа поминаа на граничниот предмет, а потоа ја предадоа штафетата на своите колеги, полските моторџии од клубот „Катинско возење“, кои ветија дека од името на „Ноќните волци“ ќе ја поминат истата маршрута.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров побара објаснување од Полјаците, нарекувајќи ја нивната одлука „богохулна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.