Европејците ги сметаат САД за најзаслужни за победата во Втората светска војна

Повеќе од половината Французи и Германци сметаат дека САД ја имале клучната улога во ослободувањето на Европа од фашизмот, сведочат податоците на агенцијата ICM Research, пренесува „Взгљад“.

Повеќе од половината Французи и Германци сметаат дека САД ја имале клучната улога во ослободувањето на Европа од фашизмот, сведочат податоците на агенцијата ICM Research, пренесува „Взгљад“.

Според оваа статистика 61% Французи и 52% Германци ја сметаат американската војска за најзаслужна за ослободувањето на Европа. Нивното мислење го делат 16% Британци, додека 46% од британските граѓани сметаат дека одлучувачка улога во победата имала токму армијата на Велика Британија.

Дури 43% испитаници во Велика Британија, Франција и Германија сметаат дека САД ја донеле победата во Втората светска војна.  

Само 13% испитаници на кои им биле понудени пет опции за одговор (Велика Британија, САД, Советски Сојуз, „некоја друга војска" и „немам став"), ја избрале Советската армија како клучен играч во борбата за ослободување од фашизмот.   

На прашањето кој најмногу придонел за ослободувањето на Европа во Втората светска војна, од 19 до 34% од жителите, во зависност од земјата, не можеле да дадат одговор.  

Црвената армија, според различни процени, ослободила речиси половина од територијата на современите европски држави, не земајќи го предвид европскиот дел на современа Русија, и имала многу повеќе жртви во однос на сојузниците. Вкупниот број на жители на земјите што ги ослободила Црвената армија изнесувал над 120 милиони луѓе во 16 денес независни земји во Европа. Заедно со сојузниците, војската на СССР учествувала во ослободувањето на уште шест земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња