Мобилниот копнен ракетен систем „Топол“ ќе помине 100 километри од градот Серпухов во Московската област до Серускиот изложбен центар ВДНХ во Москва, каде што ќе биде дел од изложбата на вооружување и воена техника, соопшти „Интерфакс”.
Според портпаролот на руските Ракетни сили за стратешки намени (РВСН) полковник Игор Егоров, лансерот на ракети „Топољ” ќе ја напушти филијалата на Воената академија на Ракетните сили за стратешки намени „Петар Велики“ во градот Серпухов и ќе премине во изложбениот простор на ВДНХ за да ја увеличи изложбата за постигнувањата на народното стопанство.
Според него, лансерот ќе се движи ноќе по Симферополскиот и Јарославскиот пат.
Лансерот од1990 до 2008 година се наоѓаше на борбено дежурство во Тејковската ракетна единица. Учествуваше во Парадата на Победата на Црвениот плоштад, по што ѝ беше предаден на филијалата на Воената академија на Ракетните сили за стратешки намени „Петар Велики”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче