Спикерот на Врховната рада на Украина Владимир Гројсман ја потпиша резолуцијата со препорака до СНБО да воведе лични санкции против претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти „112 Украина“.
Се прецизира дека Гројсман ја потпишал резолуцијата на Радата за „Обраќање до меѓународната заедница со барање за воведување лични санкции против лица кои се вклучени во донесувањето политички одлуки во врска со притворот на територијата на Русија на народниот пратеник на Украина, пилотот Надежда Савченко“.
Вкупно вклучени на листата се 35 луѓе, меѓу кои и шефот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников, првиот човек на Истражниот комитет Александар Бастрикин, портпаролот на Истражниот комитет Владимир Маркин.
Претходно беше објавено дека Врховната Рада му препорачала на Националниот совет за безбедност на Украина да воведе санкции против Владимир Путин, претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин, како и против првиот човек Федералната служба за безбедност Александар Бортников.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче