Путин: Не ги кршиме правилата на игра

Претседателот на Русија Владимир Путин во филмот „Претседател“ изјави дека Русија не крши никакви правила на игра на меѓународната политичка сцена.

Претседателот на Русија Владимир Путин во филмот „Претседател“ изјави дека Русија не крши никакви правила на игра на меѓународната политичка сцена.

„Длабоко сум убеден дека ние не кршиме никакви правила на игра“, изјави Путин. „Кога споменувам правила на игра, пред сѐ мислам на меѓународното право, јавното меѓународно право, Повелбата на Обединетите нации и сето она што е поврзано со тоа“.  

Путин додаде дека тоа се однесува на односите на Русија спрема Украина, односите спрема Крим, како и спрема другите региони во светот, а исто така и на борбата против меѓународниот тероризам, па и на проблемите во сферата на глобалната безбедност.  

„Мислам, да речеме, на нашиот однос спрема излегувањето на САД од фундаменталната спогодба за забрана за развојот на системи за противракетна одбрана“, рече рускиот лидер. „Кога ние им кажуваме дека тоа нѐ загрозува, на пример, ширењето на НАТО на исток и приближувањето на воената инфраструктура до нашите граници, тога тие се трудат да ни се спротивстават. И ете, денеска тоа ги доби облиците што ги гледаме, а гледаме таканаречени санкции“, изјави Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња