Денешниот самит Украина–ЕУ нема да биде самит на обединување и восхит, ами самит на барања спрема Киев. ЕУ е сѐ понезадоволна од неговата политика“, напиша претседателот на комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков на Твитер.
Властите на Украина и раководството на Европската унија денеска ќе се состанат во Киев на 17 самит Украина-ЕУ, Ова е прв самит на највисоко ниво по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација меѓу Киев и ЕУ.
Во текот на средбата планирано е да бидат дискутирани прашања поврзани со имплементацијата на спогодбата, како и за состојбата со исполнувањето на Минската спогодба за решавање на конфликтот во Донбас. Cамитот исто така ќе послужи и како терен за подготовка за поголемиот мајски самит на „Источното партнерство“ во Рига каде, на пример, Киев планира да го покрене прашањето за неговите изгледи за членство во ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче