Полските власти официјално им забранија влез на полска територија на руските моторџии од мото-клубот „Ноќни волци“.
Како што соопштува полската телевизија повикувајќи се на официјален претставник на пограничната служба на Полска, на граничниот премин во Тереспол сите руски мотоциклисти ќе добијат официјално решение за одбивање на правото на влез на територијата на земјата.
„Административно решение на секој државјанин на Русија ќе му биде врачено индивидуално“, изјави претставник на полските погранични служби.
Според информациите на полските медиуми, полските погранични служби на граничниот премин „Тереспол“ детално ги проверувале руските државјани кои влегувале во земјата на мотоцикли, барале ознаки на клубот за да не им дозволат на „Ноќните волци“ да преминат на територијата на Полска како обични моторџии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче