Претседателката на Аргентина ѝ се заблагодари на Русија

Претседателката на Аргентина Кристина Фернандес де Киршнер на својот официјален Твитер-профил ѝ се заблагодари на Русија по посетата на Москва и средбата со претседателот на Русија Владимир Путин, пишува „Взгљад“.

Претседателката на Аргентина Кристина Фернандес де Киршнер на својот официјален Твитер-профил ѝ се заблагодари на Русија по посетата на Москва и средбата со претседателот на Русија Владимир Путин.

„Ogromnoe pasib, Rossiya! Gracias, Rusia!“, напиша Киршнер на својотТвитер-профил.

Во вторникот претседателката на Аргентина Кристина Фернандес де Киршнер пристигна во официјална посета на Русија. Во четвртокот се сретна со претседателот на Русија  Владимир Путин.

Зборувајќи по разговорите во Кремљ Киршнер изјави дека единствен начин за решавање на конфликтот во Украина е по дипломатски пат. Исто така таа изјави и дека Русија е голем играч во светската политика, но не треба да се гледа на неа како на закана.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.