Русија, откако ќе го изгради суперносачот на авиони, може да го оспори светскиот поредок на чело со САД, пишува „Њузвик“.
Изданието истакнува дека еден од главните инструменти на САД за проектирање на својата сила е флотата со џиновски носачи на авиони. И, без оглед на тоа што и СССР имаше своја флота носачи на авиони, во денешно време Русија има само еден на „Адмирал Кузнецов“. Земајќи ги предвид новите руски проекти за воена модернизација, никој не треба да се чуди што РФ сака да изгради сопствен суперносач на авиони, пишува „Њузвик“.
„Русија може да го насочи фокусот на својата надворешна политика на тој начин што ќе си обезбеди поголемо присуство во светот. Таквата промена ќе бара суштествени финансиски и политички корекции“, смета американскиот магазин. „Откако ќе го изгради новиот носач на авиони, Русија ќе се обиде да го оспори светскиот поредок предводен од САД“, пишува „Њузвик“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче