Хакери од Русија кои ја пробиле компјутерската мрежа на Белата куќа во 2014 година добиле пристап до електронската пошта на претседателот на САД Барак Обама, пишува „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Хакерите добиле пристап само до дел од електронската пошта на американскиот претседател и, веројатно, не го пробиле личниот мобилен телефон на Обама, кој исто така се користи за преписка. Бројот и содржината на писмата до кој хакерите имале пристап не се прецизира, меѓутоа се истакнува дека меѓу нив имало како влезни, така и излезни пораки, пренесува РИА „Новости“.
Весникот истакнува дека на хакерите кои го пробиле системот на Белата куќа минатата година, во октомври им бил затворен пристапот до информациите, сепак тие продолжиле да го напаѓаат Стејт департментот на САД. Поради тоа, според информациите на изданието, во текот на иранските нуклеарни преговори во ноември 2014 година функционерите морале да ги користат личните кориснички сметки за комуникација.
Претходно „Си-Ен-Ен“ и Белата куќа соопштија дека имало повеќе напади врз компјутерскиот систем на Белата куќа од страна на хакери, наводно од Русија, но не беа презентирани докази.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче