Ерменија благодарна на Русија, Турција гневна

Ерменија ја искажа својата благодарност до Русија за нејзината конзистентна позиција околу прашањето за ерменскиот геноцид, додека Турција изрази револтираност, пренесува „Интерфакс“.

Ерменскиот министер за надворешни работи Едуард Налбандијан ја искажа својата благодарност до Русија за нејзината конзистентна позиција околу прашањето за ерменскиот геноцид, и исто така додаде дека Анкара се поставила себеси како опозиција на меѓународната заедница, пренесува „Интерфакс“.

„Благодарни сме ѝ на руската објективна и конзистентна позиција околу една од најстрашните трагедии во човечката историја: геноцидот на ерменскиот народ на кој, како што кажа претседателот на Русија, отсекогаш се гледало од татковска Русија како сопствена болка и несреќа“, изјави Налбандијан.

Од друга страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвинил Русија, Франција, Германија и Австрија дека поддржуваат „тврдења, конструирани врз основа на ерменските лаги“.

Ердоган изјавил дека „тие треба најпрвин, еден по еден, да ги исчистат дамките од сопствените истории“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.