Столтенберг: НАТО е подготвен за дијалог со големиот сосед Русија

Северноатлантската алијанса е подготвена за дијалог со Русија, но никогаш нема да ги компромитира своите принципи, изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува „Интерфакс“.

Северноатлантската алијанса е подготвена за дијалог со Русија, но никогаш нема да ги компромитира своите принципи, изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува „Интерфакс“.

Тој изјави дека знае од сопствено искуство дека е сосем можно да се дојде до разбирање и соработка со Русија, но Алијансата треба да биде самоуверена и силна за да ја спречи Русија да не ги предизвикува нејзините принципи.

Друг предуслов за соработка со Русија е меѓусебната доверба, рече Столтенберг.

Според него, соработката меѓу НАТО и Русија не е спорна и покрај растечкиот воен потенцијал, на пример, во Источна Европа.

Нема спор ни меѓу конструктивната соработка меѓу НАТО и Русија и зајакнувањето на одбранбениот потенцијал на Алијансата: Русија е голем сосед и треба да постои дијалог, но Алијансата нема да прави компромис со своите принципи на безбедност, целосност на границите и суверенитетот на земјите, изјави Столтенберг.  

Генералниот секретар на НАТО потврди дека проширувањето на Алијансата не зависи од мислењето на Русија, затоа што таквите одлуки се во исклучителна надлежност на земјите-членки на Алијансата. Се очекува кон крајот на оваа година да се донесе одлука за кандидатурата на Црна Гора.

Столтенберг одби да одговори на прашањето за можен прием на Русија во НАТО за 20 години или повеќе.

Тој изјави дека е толку долго во политиката што престанал да шпекулира со хипотетички прашања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.