РФ ќе воведе опомени за реекспорт на растителни производи од ЕУ

Опомената за реескпорт е преоден период пред можната целосна забрана за испораката на растителни производи, изјавија од „Россељхознадзор“, пренсува ТАСС.

Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на РФ (Россељхознадзор) има намера да воведе задолжителна опомена за реекспорт на растителни производи од ЕУ во РФ во својство на преоден период пред можната целосна забрана за испорака на такви производи, изјави за ТАСС портпаролот на службата Јулија Трофимова.

„Во периодот додека институцијата ја анализира ситуацијата и можните ризици поврзани како со фалсификувањето документи, така и со обезбедување на сигурноста на овие производи, ќе важи преодниот период кој подразбира реекспортна испорака по опомена“, изјави таа.

Претходно „Россељхознадзор“ од 24 април забрани реекспорт на растителни производи од Бугарија поради многубројните случаи на фалсификување реекспортни документи или вистински со фалсификувани сертификати на други земји. Поради истата причина институцијата во овој момент ја разгледува можноста за исто такво ограничување за сите растителни производи од ЕУ. На пример, под санкции ќе се најде и цвеќето кое влегува во РФ преку пристаништа и пазари од Холандија, како и голем дел од холандското цвеќе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња