Путин го повика Оланд да се бараат начини за подобрување на односите меѓу Русија и Франција

„Тоа не може да не предизвика жалење“, изјави Путин за влошувањето на односите со Франција, пренесува ТАСС.

Претседателот на Русија Владимир Путин констатираше дека „односите меѓу Русија и Франција не се во најдобра состојба, трговската размена со Франција се намалува, што предизвикува само жалење“. „„Ние треба да преземеме чекори за обнова на нашите односи“, истакна Путин.

Претседателот на РФ исто така истакна дека има намера да дискутира со својот француски колега за перспективите за развој на Русија и Франција и односите Русија-ЕУ.  

„Тоа не може да не предизвика жалење“, изјави Путин за влошувањето на односите со Франција. „Ние треба да бараме патишта за подобрување на односите“, повтори тој. „Мислам дека сите се заинтересирани за тоа“, смета претседателот на РФ. "

Путин исто така му предложи на Оланд да дискутираат за реализацијата на Минската спогодба во Украина. „Јас знам дека многу направивте за да биде постигната спогодбата и постојано му посветувате внимание на тоа“, рече Путин.

„Апсолутно сте во право, ние забележуваме дека односите меѓу Русија и ЕУ се многу влошени во последно време во врска со украинската криза“, одговори Оланд. Според него, „за да се излезе од таквата ситуација, треба да се оди по патот на реализација на Минската спогодба“. „Ние се стремевме кон тоа, работевме на спогодбата и ги вложивме сите напори за да ја имплементираме“, изјави тој.

Оланд смета дека Париз може и треба да соработува со Москва во решавањето на проблемите во Сирија, Иран, Либија. „Ние имаме други прашања за кои ни треба Русија, за кои треба заедно да дискутираме“, изјави францускиот лидер на средбата со Путин.  

Според мислењето на францускиот претседател, „нам ни треба и улогата на Русја, и улогата на Франција по цела низа сложени прашања – такви како Сирија, Иран, Либија“. Токму затоа била важна средбата меѓу него и Путин, изјави Оланд.

Подоцна портпаролот на претседателот на РФ ДМитриј Песков изјави дека претседателите разговарале за широка палета прашања – за „Мистралите“, Украина, имплементацијата на Минската спогодба, Либија, Сирија, испораката на системите С-300 на Иран и нуклеарната програма на таа земја, како и за санкциите.

Средбата на шефовите на двете држави „помина во многу конструктивен и прагматичен дух“, чиј дефицит силно се чувствува во односите меѓу РФ и Европа, изјави Песков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња