„Ноќните волци“ и покрај забраните тргнаа низ Европа

Моторџиите од клубот „Ноќни волци“, и покрај официјалната забрана за влез во Полска и неодобрувањето од страна на МНР Чешка и владата на Германија, го започнаа своето дефиле низ Европа, пренесува „Руска планета“.

Моторџиите од клубот „Ноќни волци“, и покрај официјалната забрана за влез во Полска и неодобрувањето од страна на владата на Германија и МНР Чешка, го започнаа своето дефиле низ Европа, пренесува „Руска планета“.

Лидерот на руските мотоциклисти Александар Залдостанов „Хирург“ пред тргнувањето изјави дека „Ночните волци“ немаат намера да се откажат од дефилето.  

„Ние нема да се откажеме од нашиот план, нема да ја менуваме маршрутата. Доколку не нѐ пуштат со моторите, во колона – ние ќе минуваме по еден, преку разни премини. Ќе поминеме преку друг премин. Но, сигурно е дека нема да се откажеме од нашите обиди и ќе ја поминеме планираната маршрута во целост“, изјави Залдостанов, одоговараји на прашањето дали ќе се реализира акцијата и преку територијата на Полска.

„Доколку се откажеме од ова, тогаш да се откажеме од сѐ – да се откажеме од 9 мај, од своите могили, од спомениците, од сеќавањето, од нашата историја, од сите вредности – да си легнеме в гроб и да умреме. Но тоа нема да го доживеат од нас“, додаде Залдостанов.

Според неговите информации, учесниците во дефилето треба да стигнат на територијата на Полска за два дена, на 27 април. Залдостанов исто така истакна и дека „полските политичари живеат свој живот, а луѓето живеат друг, и радува тоа што Полјаците нѐ поддржуваат во целост". Како пример Хирург го наведе фактот дека неодамна 30 илјади полски моторџии усвоија резолуција за поддршка на акцијата на „Ноќните волци“ и изјавија дека се подготвени да им дадат поддршка на Русите.

Планирано е да дефилето на „Ноќните волци“ под називот „До Берлин“ да се одржи од 25 април до 9 мај, по маршрутата Москва - Минск - Брест - Братислава - Виена - Минхен - Прага - Торгау - Карлсхорст - Берлин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња