Медиуми: Американската оклопна техника е слаба во споредба со руската

Руската воена оклопна техника има далеку поголема предност во однос на техниката на НАТО, како според бројот, така и според силата на возилата, пишува „Брејкинг Дифенс“.

Во текот на воените вежби на НАТО во неколку земји-членки од Европа се покажа дека руската воена оклопна техника има далеку поголема предност во однос на техниката на Алијансата, како според бројот, така и според силата на возилата, пишува „Брејкинг Дифенс“  (Breaking Defense), а пренесува РИА „Новости“.

Вториот кавалериски полк на САД, една од последните преостанати американски единици во Европа која учествуваше во обуката, побара од својата команда посилна техника. Претставниците на Комитетот за вооружени сили на САД веќе размислуваат за одвојување средства за засилување на вооружувањето.

Според изданието, американската војска барала од Комитетот да им обезбеди оклопни транспортери Страјкер со топови со калибар 30 мм, двапати помоќни од оние што ги користат сега.

Дури и ако Американците стават вакви автоматски топови на своите возила, пишува медиумот, тие нема да станат тенкови, но САД сметаат дека со тоа ќе успеат да ја изедначат својата техника со руската.

Рускиот оклопен транспортер БТР-82А, кому американскиот „Страјкер“ се обидува да му парира, е опремен со автоматски топ 2А72 калибар 30 мм, заедно со митралез Калашников ПКМТ калибар 7,62 мм, кои се покажаа како ефикасни во текот на борбите во планински предели. Ова вооружување има моторизиран систем за вертикално и хоризонтално нишанење и дигитален стабилизатор на оружјето.

Претходно медиумите исто така пишуваа дека САД не треба да го потценуваат моќното конвенционално оружјe на руската војска, за кое постои можност да им се продава на други држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.