Европски политичар: Запад нема да ја притиска Русија да го врати Крим

Крим може да ѝ биде вратен на Украина само со примена на сила, меѓутоа, никому не му е потребно ново заострување на ситуацијата, изјави во интервју за „Дојче Веле“ Гинтер Ферхојген, поранешен комесар за проширување на ЕУ.

Крим може да ѝ биде вратен на Украина само со примена на сила, меѓутоа, никому не му е потребно ново заострување на ситуацијата, изјави во интервју за „Дојче Веле“ Гинтер Ферхојген, директор на Агенцијата за модернизација на Украина и бивш комесар за проширување на ЕУ.

Според него, Европа ќе ги укине санкциите против Русија штом се постигне договор и по мирен пат се реши конфликтот во Украина, како и дека политичарите од Запад нема да ги доведуваат санкциите во врска со Крим.

„Политичарите од Запад најверојатно нема да ја присилуваат Моксва да го врати Крим, затоа што е јасно дека тоа е можно само со примена на сила. А со оглед на тоа дека никој не сака воена интервенција, ситуацијата е многу јасна“, рече Ферхојген.

Тој додаде дека идејата за формирање Трансатлантска зона за слободна трговија никако не пречи на истовременото разгледување на зоната за слободна трговија меѓу ЕУ и Русија.

По прашањето на ЕУ и Евроазискиот сојуз, поранешниот комесар за проширување на ЕУ смета дека ќе дојде до потполно интегриран европски внатрешен пазар, односно до формирање на единствен економски простор на целата територија, од Лисабон до Владивосток.

„Русија е важен и силен партнер и неодвоив дел на Европа. Русија ни е потребна во својство на економски партнер за да ги надминеме глобалните предизвици. Русија ни е потребна, но и ние сме ѝ потребни на Русија“, додаде Ферхојген.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.