Русија може да ги зголемите квотите за странски студенти за една третина

Релевантни државни институции предложија зголемување на квотата за странски студенти во Русија за една третина, соопшти „Комерсант“.

Министерството за образование и наука, Министерството за надворешни работи и федералната агенција за Здружението на Независни Држави, Здружението на руски сограѓани кои живеат во странство и „Россотрудничество“ предложија зголемување на квотата за странски студенти во Русија за една третина, соопшти „Комерсант“.  

„Нацрт-одлуката на владата подготвена од соодветните организации беше објавен на порталот www.regulations.gov.ru (се претпоставува дека ќе стапи на сила на 1 јануари 2016 година). Бројот на странски студенти финансирани од рускиот буџет може да порасне од 15000 на 20000“, пишува весникот.  

Според „Комерсант“, причините за барањето за зголемување на квотите лежи, како прво, во „високата ефективност на руската „мека сила“. Авторите на проектот сметаат дека студирањето на странски државјани во Русија е начин „за формирање на проруски државни елити кои ефективно би ги промовирале руските интереси, вклучувајќи ги и оние долгорочните“ во нивните матични земји.  

Весникот потсетува дека истата тактика била употребувана од советската администрација. Еден број на дипломци на рускиот Универзитет „Пријателство на народите“ во Русија подоцна извршувал државни функции во социјалистичките земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.