Путин: За геноцид нема и не може да има оправдување

Претседателот на РФ РФ Владимир Путин потенцираше дека позицијата на Русија по повод геноцидот останува непроменета: за него нема и не може да има оправдување.

Претседателот на РФ РФ Владимир Путин потенцираше дека позицијата на Русија по повод геноцидот останува непроменета: за него нема и не може да има оправдување. „Позицијата на Русија беше и останува континуирана: ние отсекогаш сметаме дека за масовно убиство на луѓе нема и не може да има никакви оправдувања“, изјави тој на церемонијата во спомен на жртвите на геноцидот на Ерменците.

Шефот на државата потсети дека Русија стана потписник на низа меѓународни нормативни акти, вклучително и на Конвенцијата за спречување на геноцидни злосторства. „Меѓународната заедница е должна да направи сѐ трагичните настани од минатото никогаш да не се повторат, за да можат сите народи да живеат во мир и хармонија, без да ги знаат ужасите до кои доведуваат разгорувањето на религиозната омраза и агресивниот национализам, и ксенофобијата“, изјави тој.  

Путин истакна дека Русија „искрено сочувствува со ерменскиот народ кој доживеа една од најстрашните трагедии во историјата на човештвото“. „Настаните од 1915 година го потресле целиот свет. А во Русија биле примени како сопствена несреќа, потсети претседателот. Стотици илјади Ерменци, незаштитени и без покрив над глава, милиони нашле прибежиште на територијата на Русија и биле спасени“. Путин додаде дека токму руската дипломатија успеала да постигне меѓународна осуда на насилството над ерменскиот народ.

"Односите меѓу братските народи на Русија и Ерменија отсекогаш се одликувале со особена духовна блискост и меѓусебна поддршка. Така беше и во текот на драматичните настани од пред еден век, и во текот на Втората светска војна, и за време на катастрофалниот земјотрес во Спитак. И денес ние тагувае заедно со ерменскиот народ" - истакна шефот на државата. Тој соопшти дека стотици руски градови ќе се одржат над  2 илјади комеморации во врска со 100-годишнината од геноцидот. Во овие активности ќе земат учество не само Ерменците во Русија, но, исто така, и десетици илјади луѓе од други националности.

"За жал, денес во многу делови на светот одново крева глава и неофашизмот, за власт се борат радикални националисти. Добива на сила и анти-семитизмот, можеме да видиме манифестации на русофобија. Треба да си го поставиме прашањето, зошто се случува ова и која е причината за тоа?, изјави претседателот на Русија. „Пред било каква акција во критично важните места во светот пред сѐ, треба да се размисли за тоа што ќе се случи потоа, да се размислува за последиците ".

Потсетувајќи на трагичните настани од изминатите години, Путин рече дека „ние треба со оптимизам да гледаме напред, да веруваме во идеалите на пријателство, добрососедство и заемната помош, да се учиме на добрина и хармонија, на способноста да се почитуваме меѓусебно, да ги почитуваме интересите на другиот". „Дури тогаш можеме да го направиме светот подобар, постабилен и побезбеден“, заклучи тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.