Претседателката на Аргентина: Апсурдно е да се гледа на Русија како на глобална закана

Русија е глобален играч во светската политика, но апсурдно е да се гледа на неа како на закана, изјави претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Киршнер, пренесува РИА „Новости“.

Русија е глобален играч во светската политика, но апсурдно е да се гледа на неа како на закана, изјави претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Киршнер, пренесува РИА „Новости“.

„Да се претставува Русија како закана, според мене, е потполно апсурдно. Денес повеќе треба да се плашиме од оние кои нѐ заплашуваат со помош на други“, рече Киршнер во текот на официјалната посета на Москва.

Аргентинска претседателка додаде дека многумина останале заглавени во стапицата, затоа што сметаат дека светот сега е поглобален, иако изјавуваат дека студената војна е завршена.

„Мислам дека многумина и понатаму се во стапицата на бинарната логика која им налага секогаш да имаат непријатели и противници за да можат да доминираат“, изјави Киршнер.

Претседателката на Аргентина ја спомена и кампањата на САД против Венецуела, велејќи дека ниту еден здраворазумен човек не може да смета дека латиноамериканските земји претставуваат закана за водечката држава во воена, научна и други области.

Според неа, Русија и Аргентина имаат исти принципи во врска со мултиполарноста на светот, почитувањето на националниот суверенитет и дека одбиваат да се мешаат во внатрешните работи на други држави.  

По завршувањето на разговорите во Кремљ, Киршнер изјави дека дипломатскиот пат е единствен начин да се реши конфликтот во Украина.  

Во текот на официјалната посета на Москва Киршнер и Путин потпишаа документ за сеопфатна соработка меѓу двете држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.