Во случај на раскинување на договорот за испорака на двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, Париз ќе треба да ѝ плати на Москва 1 милијарда фунти (1,5 милијарди долари), пишува британскиот весник „Тајмс“.
Како резултат на запирањето на зделката од француска страна, носачите на хеликоптери месечно го чинат Париз 3 милиони евра.
Во средата францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека доколку „Мистралите“ не ѝ бидат испорачани на Русија, средствата платени за нив ќе бидат вратени. Тој исто така додаде дека темата за „Мистралите“ ќе биде една од точките на неговите разговори со претседателот на Русија Владимир Путин кои денеска ќе се одржат во Ереван.
На 16 април Путин изјави дека Москва нема да бара Париз да ѝ плати казни за неиспорачувањето на „Мистралите“, но смета дека раководството на Франција ќе и ги надомести трошоците на Русија.
На 19 април Оланд изјави дека Париз и Москва бараат излез од ситуацијата околу „Мистралите“. Една недела претходно раководителот на „Рособороноекспорт“ Анатолиј Исајкин изјави дека на Русија и Франција им остануваат уште околу два месеца за преговори.
Доколку Франција дефинитивно се откаже од испорака на „Мистралите“, Русија ќе добие 3 милијарди евра. Русија веќе ги има подготвено сите документи за да ја тужи Франција.
Како што изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, компензацијата што ќе ја плати Франција ќе биде пренаменета за програмата за обнова на вооружувањето на руската армија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче