ГШ ВС Русија: САД ги започнаа сите современи воени конфликти во светот

Генерал-потполковник Андреј Картаполов смета дека политиката на Белата куќа за систематско задржување на Русија зависи од намерата на САД да не дозволат формирање на нови центри на сила, пренесува ТАСС.

САД планираат да го рашират системот за истурено базирање на своите  вооружени сили, што предвидува распоредување на трупи на постојана и привремена основа на териториите на повеќе од 100 странски држави.

Ова го изјави началникот на Главната управа на Генералштабот ВС РФ генерал-полковник Игор Сергун, пренесува ТАСС.  

„Во тие држави се предвидува изградба на објект за навремено складирање вооружување и воена техника потребни за поддршка на боеви дејствија во истурени зони“, изјави тој на воено-научната конференција со раководниот состав на ВС РФ.

Од друга страна, началникот на главната оперативна управа на рускиот генералштаб Андреј Картаполов изјави дека САД се единствениот иницијатор на сите современи воени конфликти. Според него, заедно со своите сојузници САД повеќе од 50 пати примениле воена сила за последните десет години.

„Нарачател на сите воени конфликти единствено се САД. Денеска земјите на Западот почнаа да се позиционираат во својство на главни „архитекти“ на системот за меѓународни односи, а САД се единствената суперсила во светот“, изјави генерал-потполковник Картаполов.

Ова официјално е наведено во обновената стратегија за безбедност на САД, која претседателот Барак Обама ја презентираше пред Конгресот на 6 февруари, потсети претставникот на Генералштабот.

„Политиката што ја спроведува Белата куќа за систематско задржување на Русија е условена од стратешката намера на САД по секоја цена да ги зачува своите водечки геополитички и економски позиции, да не дозволи формирање на нови центри на сила“, смета генералот.

Зборувајќи за примената на воената сила, Картаполов потсети дека „шест пати се водеа операции со решителни цели и прераснаа во локални вооружени конфликти“. „Нивните неуспешни исходи добро им се познати на сите“, рече генералот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.