Нема потреба од контакт меѓу американскиот и рускиот лидер во блиска иднина, изјави амбасадорот на САД во РФ Џон Тефт, додавајќи дека е важно да се работи на ситуацијата во Украина во „Нормандиски формат“.
Имплементацијата на Минската спогодба е примарната цел; преговорите продолжуваат и нема потреба од директен контакт, рече Тефт, одговарајќи на прашање на „Интерфаккс“ дали претседателот Барак Обама би бил заинтересиран да го контактира претседателот Владимир Путин во блиска иднина.
Амбасадорот изјави дека Соединетите Американски Држави се задоволни од работата што ја завршија францускиот и германскиот лидер. Тој исто така рече дека претседателот Обама разговарал телефонски со претседателот Путин и претседателот на Украина Порошенко пред втората рунда од состанокот во врска со имплементацијата на Минската спогодба.
Во целина, Обама го поддржува процесот во „Нормандиски формат“ за Украина, додаде амбасадорот Тефт.
Дипломатот исто така го потенцираше и уделот на претставничката на ОБСЕ Хајди Таљавини во работата на Трилатералната Контакт-група за Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека претседателот Путин би се согласил на средба или телефонски разговор со Обама доколку американскиот лидер покаже таков интерес.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче