Во Русија ќе бидат донесени моштите на св. Ѓорѓи Победоносец

Во Русија ќе бидат донесени моштите на св. Ѓорѓи Победоносец, заштитникот на војниците, по повод 9 мај.

Со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и со одлука на Светиот Кинот на Света Гора Атоска во знаменитата година на 70-годишнината од Великата Победа во границите на Русија на 24 април ќе биде донесен ковчегот со десната рака од моштите на Свети Ѓорѓи Победоносец, кој одвека во Русија бил почитуван како заштитник на армијата. Денот на св. Ѓорѓи Победоносец (Ѓурѓовден) на 6 мај претходи на Денот на победата, 9 мај.

Православните храмови во Москва ќе бидат достапни за поклонение од 6-11 мај во храмот на великомаченикот Ѓорѓи Победоносец на Поклонаја Гора, соопшти порталот Rublev.com.

"Тоа беше заедничка, колективна одлука на цела Света Гора – да се поддржи Русија, да се оддаде почит и признание на подвигот што го направиле нашите предци во борбата против фашизмот", истакна еден од организаторите на донесување на моштите, директорот на Фондацијата „Св. кнез Владимир“,  Виктор Костин.

Моштите ќе бидат донесени на аеродромот во Москва на 24 април, по што ќе бидат пренесени во Јарославската област. Во следните два месеци моштите на светецот ќе бидат покажани и во Ставропол, Елиста, Волгоград, Белгород, Краснодар, Подолск, Коломна, Санкт Петербург, Смоленск, Тула и Екатеринбург.

Десната рака на св. Ѓорѓи Победоносец се чува во манастирот Ксенофон, основан во X век. Во истиот манастир се наоѓа и чудотворната икона на светиот воин, која исто така ќе биде донесена во Русија заедно со моштите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.