Лидерите на Европската унија треба да објават дека се подготвени за војна со Русија, сѐ со цел нејзино одвраќање, изјави шефот на истражувачкото одделение на Центарот за европски истражувања „Вилфрид Мартенс” Роланд Фриденштајн на заседанието на Европската народна партија.
Пратениците на најголемата пратеничка група во Европскиот парламент на состанокот на 21 април разгледуваа хипотетични сценарија во случај на понатамошно заострување на односите меѓу ЕУ и Русија поради украинската криза, пренесува порталот „Вести.ru”, повикувајќи се на „Euractiv”.
Пратениците изјавија дека Русија е непријател на Европската унија и ја претставиле можноста за иден напад на Русија врз балтичките земји и Приднестровје.
Најостар во својот настап беше Роланд Фриденштајн, раководител на еден од аналитичките центри при Европската народна партија. Тој ги повика лидерите на ЕУ да ја променат својата реторика и изјави дека тие „треба да соопштат дека се подготвени за војна против Русија со цел зачувување на егзистенцијалните принципи на идна Европа“.
Покрај тоа, Фриденштајн повика нуклеарното оружје во Европа да се модернизира: „Нуклеарниот арсенал на НАТО во Германија денес чини 20 ‘рѓосани бомби со слободен пад од типот В-61 кои можат да бидат уништени со еден удар на руската војска. ТОа треба да се промени, ние треба да се доведеме во форма“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче