Путин со статија за неговите родители и војната

Во својата статија за списанието „Руски пионер“ Владимир Путин раскажува за спомените на неговото семејство во Втората светска војна.

Претседателот на РФ Владимир Путин раскажа за тоа како во неговото семејство се зборувало за настаните од Втората светска војна.

Во статијата која шефот на државата ја напиша за списанието „Руски пионер“ тој особено истакнува дека, без оглед на сите ужаси на војната, луѓето од тоа време за разлика од подоцнежните генерации не чувствувале омраза спрема непријателот.  

„А немаше семејство во кое некој не загинал“, истакна Путин. „И, се разбира, несреќа, мака, трагедија, но кај нив немаше омраза спрема непријателот, ете тоа е изненадувачки“, потенцираше тој.  „Јас до ден-денес не можам, искрено кажано, да го сфатам тоа до крај“, призна шефот на државата.

Путин се сеќава на зборовите на неговата мајка. „Мајка ми едноставно беше многу мека душа, добра... И таа велеше: „А каква омраза може да се има спрема тие војници? Тие се обични луѓе, и тие гинеа во војната“, истакна тој.  

„Тоа е неверојатно! Ние растевме со советски книги, филмови...  А кај неа поради нешто тоа го немаше", - напиша претседателот. „И нејзините зборови многу добро ги запаметив: „А за што да им се лутиме? И тие се работници како нас. Едноставно ги отерале на фронт“. Ете тие зборови ги паметам од детство“, призна шефот на државата.  

Во својата статија Путин се потсетува на тоа како воените настани го допреле и неговото семејство: каде војувал неговиот татко, како бил ранет, како по војната се сретнал со другарот што го спасил.

Претседателот раскажува и за тоа како за малку ќе загинала мајка му, како загинал неговиот брат.

„Сѐ што ми раскажуваа родителите за војната беше вистина. Ниту еден збор не измислија. Ниту еден ден не испуштија“, истакнува Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.