Путин не реагираше на иницијативата на украинскиот парламент за воведување санкции против него

Рускиот претседател исто така не реагираше на повикот на украинскиот парламент да помогне во процесот на размена на заробеници во Донбас, пренесува ТАСС.

Кремљ соопшти за отсуство на реакција од страна на претседателот на РФ Владимир Путин во врска со двете обраќања на украинскиот парламент – лично до него, за размена на заробеници, и истовремено, за воведување санкции против него, пренесува ТАСС.

„Не“, - кратко одговори портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков на прашањето дали реагирал Путин на тие обраќања до него.

Претходно претставникот на Истражниот комитет на РФ Владимир Маркин, кој исто така се најде под новите санкции, изјави дека санкциите „искрено го насмеале“.

„Па, се однесуваат како деца. Не знам зошто, ми текна на еден стар советски плакат „Кибритот не е играчка за деца“, изјави Маркин.  

Врховната Рада на Украина вчера се обрати до претседателот на Русија за помош во процесот за размена на заробеници во Донбас и ослободување на Надежда Савченко и Олег Сенцов. Покрај тоа, парламентот препорача да се воведат санкции против руски државјани, меѓу кои е и претседателот на РФ Владимир Путин, а исто така апелираше и меѓународната заедница да воведе исти санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.