МНР РФ: Москва е загрижена поради нападот врз македонската караула

На ситуацијата влијае, пред сѐ, сериозниот недостиг од владеење на правото и безбедноста во Косово, што претставува очигледна последица од нерешавањето на косовскиот проблем во целина, изјавија од МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.

Нападот врз караулата Гошинце зборува за континуираните етнички тензии во регионот, соопшти руското министерство за надворешни работи, пренесува  РИА „Новости“.

„На ситуацијата влијае, пред сѐ, сериозниот недостиг од владеење на правото и безбедноста во Косово, што претставува очигледна последица од нерешавањето на косовскиот проблем во целина. Не може да се игнорираат и сѐ почестите во регионот великоалбански пароли“, изјавија од министерството.  

„Сметаме дека напорите на властите во Македонија за воспоставување на редот во проблематичниот регион на земјата ќе ја добијат неопходната меѓународна поддршка“, се вели во соопштението.

Москва веста за нападот на македонската караула „Гошинце“ ноќта на 21 април од страна на група вооружени лица ја примила со длабока загриженост, истакнува МНР РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња