Бандитите често ја користат униформата на претставниците на редот и мирот, изјави за новинарите во Грозни првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров, објаснувајќи ја својата цврста позиција во однос на некоординираните операции на безбедносните служби.
„Сите знаеме дека и бандитите често ја користат униформата на претставниците на редот и мирот. Така беше и минатата година, на 4 декември, кога терористите се скрија во Домот на печатот и во едно училиште. Тие убија полицајци, ги исплашија жителите на републиката и Русија. Таквата практика со користење на полициски униформи тие применуваа и порано. И ние не можеме да си дозволиме да не ставаат во заблуда активните претставници на редот и мирот, доколку навистина се тие за кои се претставуваат“, изјави Кадиров.
Претходно Кадиров изјави дека е подготвен да си замине од својата функција доколку е потребно, соопштува РИА „Новости“.
„Јас сум војник на Врховниот командант. Ако ми дадат наредба, ќе ја исполнам 100 насто. Ако треба да заминам, ќе заминам, подготвен сум и да умрам“, потенцираше Кадиров.
Тој додаде дека „лажните патриоти и таканаречените либерали во ставаат населението во заблуда, им се додворуваат на западните тајни служби и прават сѐ Русија да стане втора Украина, но тоа никогаш нема да се случи“.
Неговите изјави добија широк одек откако тој дозволи да се отвора оган врз учесници во специјалните операции кои се спроведуваат на територијата на Чеченската република без координација со нејзините власти.
Наредбата која стана предмет на дискусија Кадиров ја даде на 20 април на состанокот со претставниците на безбедносните сили. „Јас официјално изјавувам: доколку без ваше знаење на вашата територија се појави, не е важно дали е тоа московјанин или ставрополец, да се отвори смртоносен оган. Нас треба да нѐ имаат предвид“, изјави Кадиров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче