Претседателот на Чешка Милош Земан изјави во интервју за агенцијата „Асошиејтед прес“ дека ситуацијата во која Русија би се обидела да нападне некоја од балтичките држави е апсолутно невозможна“.
„Јас не се плашам од руска инвазија на балтичките земји, затоа што не можеме ни да претпоставиме дека руското раководство е толку глупаво за да изврши такво самоубиство. Балтичките земји се членки на НАТО-пактот и напад врз нив би имал сериозни последици“, изјави Земан.
Чешкиот претседател во интервјуто се осврна на руско-украинскиот конфликт, истакнувајќи дека присоединувањето на југот на Украина е економски неисплатливо за Русија.
„Мислам дека Русија е задоволна од присоединувањето на Крим поради тоа се сомневам дека е можен упад на истокот на Украина. Овој регион е уништен во граѓанската војна и Москва би морала да храни десетици милиони гладни усти, а таа за тоа нема економски можности“, изјави Земан.
Претседателот на Чешка додаде дека санкциите постепено ќе бидат укинати доколку Русија не ја нападне Украина. Антируските санкции се контрапродуктивни, исто како и санкциите против Куба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.