Воените вежби со учество на американската војска кои во моментов се одржуваат во Украина се традиционални и не претставуваат кршење на Минската спогодба, изјави претставничката на Стејт департментот на САД Мери Харф, пренесува ТАСС.
Според нејзините зборови, воените вежби претставуваат договор за соработка во сферата на одбраната на двете земји која се реализираше и во текот на владеењето на Виктор Јанукович и трае веќе 20 години.
„Се разбира дека тие дојдоа на повик на украинската влада. Не можам да се сетам дека некогаш украинската влада ги повикувала руските сепаратисти“, додаде претставничката на Стејт департментот.
Претседателот на Украина Петро Порошенко на 20 април учествуваше на церемонијата на отворање на украинско-американските воени вежби во Лавовската област. Во рамките на овие вежби американската војска планира да обучи околу 900 украински војници на „Националната гарда“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче