Денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип предавање одржа Михаил Лушин, аташе за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија. Темата беше по повод 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна под наслов „Советскиот сојуз во Втората светска војна. Митови и одговори“. Организацијата беше на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија.
Г-дин Лушин на почетокот изјави дека целта на предавањето е да го презентира руското гледиште на настаните од Втората светска војна, како и даде одговор на некои од современите митови и лаги кои се актуелни во овој период, затоа што тоа е важно не само за Русија, туку и за Македонија и за целиот свет.
„Борбата против фашизмот е борба за слобода и борба против смртта и темнината“, изјави Лушин, кој по завршувањето на предавањето одговори и на неколку интересни прашања кои му беа поставени од присутните.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче