Песков: Русија е подготвена за обнова на дијалогот со САД, доколку инцијативата дојде од Вашингтон

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков истакна дека „Русија ниту е, ниту била иницијатор на санкциска реториката ни на зборови, ни на дела“, пренесува ТАСС.

Москва е спремна за обнова на дијалогот со САД доколку таква иницијатива потекнува од Вашингтон. Ова го изјави пред новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Се разбира, ние ќе бидеме подготвени да ја поздравиме иницијативата за враќање кон логиката на дијалог и соработка, меѓутоа, поради тоа што ние никогаш не бевме иницијатори на спротивното, спремни сме да ги поздравиме потезите на нашите партнери ", - рече Песков.

Одговарајќи на прашањето на можноста за преговори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Барак Обама, Песков потсети на историјата на проблемот. "Факт е дека во овој момент, Русија не е иницијатор на застранување од билатералниот дијалог во различни правци," - рече тој.

Портпаролот на рускиот претседател, исто така, рече дека "Русија ниту е, ниту била иницијатор на санкции и реторика ни на зборови, ни на дела“. „Русија може само да жали што иницијатор на сето тоа беше Вашингтон“, истакна Песков.

Претходно, американскиот амбасадор во Москва, Џон Tефт изјави дека треба да се поддржуваат напорите на оние кои сакаат да се развие соработката меѓу Русија и САД.

„Нашите односи секогаш се состоеле од соработка и конкуренција. Но, не треба да забораваме на соработката, не треба да сеќаваме само на ривалството. Треба да се одржуваат напорите што ги прават оние кои сакаат да се зајакне компонентата на соработката, а да се намали ривалството“, додаде Џон Тефт, амабасадорот на САД во Москва.

Според него, "Американците воопшто се оптимисти."

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња