Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не ја признава Новорусија и дека Украина мора да биде обединета.
„Ние сакаме во Украина на има мир. Поради тоа е неопходно Украина да биде обединета, да не дозволиме да ја распарчат, а такво расположение веќе постои наместа во Европа, каде по Првата светска војна дел од своите територии ѝ отстапија на сегашната украинска држава“, изјави Лавров.
Според него, Киев мора да се откаже од својата тврдоглавост по прашањето на зачувување на унитарноста и нејзина „украинизација“„ за да го зачува територијалното единство на државата.
Лавров рече дека Минската спогодба е најдобар компромис за решавање на украинскиот конфликт и додаде дека не е сигурен дека преговорите би биле толку успешни ако во нив учествувал Барак Обама. Како што објасни рускиот министер, на Американците им е некој постојано да зависи од нив и дека во однос на украинската криза за нив било важно партнерството меѓу Русија и ЕУ да не се продлабочи, особено меѓу Русија и Германија.
На прашањето дали го разочарал Барак Обама, Лавров изјави дека американскиот претседател му ветил на Владимир Путин дека ќе влијае на украинската опозиција, а веќе следниот ден се случи државниот удар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче