„Сметам дека „Исламската држава“ е нашиот најголем непријател во овој момент“, изјави Лавров, одговарајќи на прашањето за тоа кој е најголемата опасност за Русија – Кина, САД или НАТО. „Можеби затоа што нејзиниот состав војуваат стотици Руси, државјани на земји од ЗНД, Европејци, Американци. Ќе војуваат таму некое време, а потоа се враќаат и прават гадости дома. За тоа се доволни двајца-тројца луѓе“.
Лавров исто така изјави дека САД не сакаат да признаат дека „Исламската држава“ се појавила како резултат токму на нивните активности.
„Тие изјавија дека тоа не е одделна организација, ами истата „Ал Каеда“.
„Ние предложивме да се внесе ИД на списокот со терористички организации што го води Советот за безбедност на ООН, но Американците одбија, изјави министерот.
Шефот на руската дипломатија истакна дека објаснувањето за таквата позиција е едноставно. „Тие не сакаат да признаат дека ИД се појави како резултат на нивните постапки во Ирак“, потенцираше тој. „Впрочем, „Ал Каеда“ на времето исто така се појави како резултат на постапките на САД“, изјави министерот Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче