Косачов: Декларацијата за „руска агресија“може да значи подготвеност на Киев за напад

„Одамна е забележано дека колку повеќе домашни проблеми има Киев, толку поактивно и порешително „војува со Русија“, истакна шефот на Комитетот на СФ за меѓународни работи Константин Косачов, пренесува ТАСС.

Засилувањето на реториката за „руска агресија“ во Радата може да значи подготвеност на Киев за напад на Донбас, смета првиот човек на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов.

„Одмамна е забележани дека колку повеќе домашни проблеми има Киев, толку поактивно и порешително „војува со Русија““,  напиша тој на својот блог, коментирајќи ја декларацијата на украинскиот парламент за „Пружање отпор на вооружената агресија од Руската Федерација и надминување на нејзините последици“.  

Впрочем, рускиот сенатор гледа и „друга поврзаност“. Започнатото нагло зголемување на интензивноста на гранатирањето на територијата на Донбас, паралелно со воено-парламентарната врева, може да сведочи за тоа дека Киев се подготвува за офанзива“. „И тоа тревожи многу повеќе: демагогијата за  „руската агресија“ неретко „зајакнува“ пред следниот обид на милитантните власти на Украина уште еднаш да предизвикаат реакција чија цена ќе бидат нови потреси и уште едно признание дека воено решение за конфликтот сепак нема“, истакна Косачов.

Сепак, смета тој, „Киев одамна се занесе“. „Пропагандата е дозволена во медиумите, но таа не може да се претвора во закони и одредби“, изјави пратеникот, потенцирајќи дека „лекомисленото жонглирање“ со толку важни и одговорни термини како „агресија“, „анексија“, „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“ од страна на претставниците на највисоката законодавна власт зборува за „најсериозна криза на државноста и тешка психолошка ситуација во државниот систем“.

Според неговото мислење, декларацијата на Радата за „руска агресија“ е диктирано од намерите на киевските власти да ја избегнат одговорноста пред својот народ. „Нему, и пропагандистички, и дипломатски е подобро да му се зборува за „војна со Русија“, за да не се одговара за жртвите меѓу сопственото население како резултат на својата (анти)терористичка операција, да се гарантира надворешна поддршка и симпатии од западњаците и банално да не се реализира Минската спогодба“, убеден е раководителот на комитетот на Советот на Федерацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.